Friday, May 16, 2014

Ова се наставните ливчиња со примена на phet-симулации

стартувајте ја симулацијата сили и движењее

Вектор на силата. Сложување на сили 

1група На компјутерот пред вас е вклучена Phet-симулацијата сили и движење.  Вие и вашите пријатели се наоѓате во парк. Имате едно јаже и сакате да ја играте играта влечење со јаже. Ставете двајца од тимовите кои имаат иста големина на исто растојание од количката. Предвидете дали и на која страна ќе се придвижи количката? Откако ќе го направите ова кликнете на копчето старт. Дали вашето предвидивање се совпаѓа со добиениот резултат? Потоа во десниот горен агол кликнете на местото вредности. Во вашата симулација ќе ви се покажат вредностите за секоја од силите употребени во вашиот пример. Исто така во горниот десен агол кликнете на местото збир на сили. На вашата симулација ќе ви се покаже збирот на силите кои сте ги употребиле во вашиот пример. На празниот лист хартија нацртајте ги векторите на силите на двата тима како и нивните бројни вредности онака како што ги добивте во вашиот пример. Потоа исто така нацртајте ја силата која го претставува нивниот збир заедно со добиената вредност. Што мислиш на кој начин е таа добиена?

Повтори ја постапката што претхоно е опишана но сега двајца од тимовите кои имаат иста големина постави ги на различно растојание од количката. Каков резултат ќе добиеш? 

 

No comments:

Post a Comment