Friday, May 16, 2014

2 група


На компјутерот пред вас е вклучена Phet-симулацијата сили и движење.  Вие и вашите пријатели се наоѓате во парк. Имате едно јаже и сакате да ја играте играта влечење со јаже. Ставете двајца од тимовите така што синиот тим да биде поголем од црвениот на исто растојание од количката. Предвидете дали и на која страна ќе се придвижи количката? Откако ќе го направите ова кликнете на копчето старт. Дали вашето предвидивање се совпаѓа со добиениот резултат? Потоа во десниот горен агол кликнете на местото вредности. Во вашата симулација ќе ви се покажат вредностите за секоја од силите употребени во вашиот пример. Исто така во горниот десен агол кликнете на местото збир на сили. На вашата симулација ќе ви се покаже збирот на силите кои сте ги употребиле во вашиот пример. На празниот лист хартија нацртајте ги векторите на силите на двата тима како и нивните бројни вредности онака како што ги добивте во вашиот пример. Потоа исто така нацртајте ја силата која го претставува нивниот збир заедно со добиената вредност. Што мислиш на кој начин е таа добиена?


Повтори ја постапката што претхоно е опишана но сега двајца од тимовите каде синиот тим да биде поголем од црвениот но сега тие да бидат на различно растојание од количката. Каков резултат ќе добиеш? 

 


 

No comments:

Post a Comment