Tuesday, October 27, 2015

Monday, October 26, 2015

Galileo Galilei


 
Италијанскиот физичар, математичар и астроном
Galileo Galilei (1564-1642) често се нарекува “татко на физиката“. Тој е првиот кој прв ја вовел експерименталната метода и започнал со математичко формулирање на физичките закони, па затоа се смета за основач на класичната физика и механика.
Галилеј во Пиза студирал медицина, а потоа математика и филозофија. Во 1586г. напишал труд за хидростатичката вага за одредување на густината на телата, а изведувал и експерименти со кои го побива учењето за слободното паѓање. Фрлајќи од кривата кула во Пиза две топки со еднаков волумен, а различни маси, им демонстрирал на поддржувачите на Аристотел дека телата со поголема маса не паѓаат побрзо. Разликата во различната брзина на паѓање на телата со различен облик ја објаснил преку различниот отпор на воздухот.
Во 1610г. Галилеј преминал во академијата во Падова каде што се занимавал со проблеми од механиката и каде започнува неговот интересирање за Коперниковото дело. Истата година, разбрал за откритието на холандските оптичари, го направил својот телескоп со зголемување од 30 пати и станал првиот човек кој телескопот го насочил кон небото. Овој сестран научник ги открил планините на Месечината, фазите на Венера, Сончевите пеги, ротацијата на Сонцето, четирите Јупитерови сателити кои денес ги нарекуваме Галилееви сателити и забележал дека Млечниот пат се состои од голем број на ѕвезди.Резултатите ги објавил во неговата книга “Ѕвезден гласник“.
Во 1632г. е објавена неговата книга “Разговор за два состава на светот, Птоломејов и Коперников“ позната како Dialogo. Делото е напишано во вид на разговор помеѓу Внецијанецот Сагреда и Симплициа со фиорентинецот Салвиатиј. Салвиати и Сагредо ги застапувале Галилеевите ставови, аСимплицио спротивните. Инквизицијата  барала во предговорот на книгата да се напише дека Коперниковото учење е претпоставка.
Поради наклоноста кон Коперниковото учење искажано во неговата книга во 1633г. Галилеј бил повикан во Рим. Во април истата година започнало сослушувањето, а во јуни судењето на стариот и изнемоштен Галилеј. Во текот на судскиот процес било побарано да се откаже од своето учење, на што и се согласил плашејќи се да не ја доживее истата судбина на Џордано Бруно.
Галилеј бил осуден на куќен притвор во својата куќа во фиренца, каде што продолжил со својата работа и го завршил своето големо дело во кое ги објаснил законите на физиката и механиката “Дискусија и математички докази за двете нови науку“ објавена во 1638 година. Во текот на куќниот притвор слободно пишувл и имал општествен живот, а објавувањето на неговите трудови немало никакви последици врз Галилеевиот статус ниту пак довело до нов процес.
Иако се одрекол од сите  тврдења за хелиоцентричниот модел, му се припишува легендарната изјава “сепак се движи“, но не постојат докази дека тој навистина го рекол тоа.
Во делото “Дискурија н математички докази за две нови науки“ Галилео ја извел релацијата за рамномерно забрзано движење (слободно паѓање) и ги објавил своите закони за забрзано движење. Патеките кај рамномерно забрзано движење се однесуваат како квадратите на поминатото време, а патиштата во единечни временски интервали се однесуваат како непарните броеви.
Во делото „Откритие за телата“ кои се наоѓаат во вода од 1612г., Галилео зборува за Архимедовиот закон и условите за пливање на телата, се спротиставил на оние кои тврделе дека тежината на телата во вода зависи од обликот на телата. Галилеј ја изнел теоријата за плимата и осеката кој го сметал за важен доказ во прилог на Коперниковото учење. Плимата и осеката ја споредил  со водата во товерен брод. Кога бродот нагло закочи, водата се придвижува во правецот на бродот, а кога бродот забрзува, водата се движи спротивно. Иако покрај интересната аналогија Галилеевата теорија за плимата и осеката била неуспешна.
Галилеј изведувајќи бројни експерименти со коса рамнина го проучувал и забрзаното движење. Занемарувајќи го триењето на коса рамнина забележал дека забрзувањето на телата зависи од косината на рамнината и дека брзината на телата на зависи од далечината, туку само од висината на косата рамнина. Забележал дека тело кое се спушта по коса рамнина од одредена висина, без триење, а кога во продолжение би постоела друга коса рамнина на која би требало телото да се искачува, скогаш се искачувало на иста висина. Сличен заклучок добил и за движење на топчиња во жлеб во облик на буквата U, како и за нишало. Така дошол до законот за инерција и открил дека гравитационата сила е конзрвативна.
Со експерименти дошол до заклучок дека забрзувањето е независно од масата на телата и дека брзината при слободо паѓање, ако се занемари отпорот на воздухот, за сите тела е еднаква. Ја добил равенката за брината и времето при слободно паѓање и равенката за изминатиот пат со квадратот од изминатото време.
Галилеј дошол и до откривањето на назависното дејство на силата. Ги проучувал хоризонталниот и кос истрел. Ја установил назависноста на брзината при слободно паѓање од брзината која ја добило телото при исфрлање во хоризонтален правец. Го одредил и движењето при хоризонтален истрел. Во делото Dialog наведува дека траекторијата претставува кружница со голем радиус, а подоцна ја исправил својата грешка и добил дека траекторијата на телата е парабола. Затоа многу го сметаат за основач на балистиката.