Wednesday, May 14, 2014


               Ова се прашањата од екстерното тестирање за прва година за хемиско-технолошки техничар и прехрамбено-технолошки техничар.



Кој од следните поими претставува физичка величина?
Скаларна величина е величината која е одредена со:
Забрзувањето се одредува со равенката:
Векторот кој почнува во почетната, а завршува во крајната положба на материјалната точка која се движи, со насока од почетната кон крајната положба се вика:
Кај рамномерно праволиниско движење, брзината: 
Рамномерно забрзано движење е:
Материјалната точка прави 6 завртување за 1min. Нејзиниот период изнесува:
Тежината на телото е:
Телото  слободно  паѓа од одредена висина и после 8s удира на земја.  Неговата брзина при ударот изнесува(Земјиното забрзување g=10m/s2 ):
Направата за мерење на силата се вика:
Мерната единица за сила е дадена со изразот:
Акотело со  маса  од 200g се движи собрзина од 10m/s по кружница со радиус од 0,2m, тогаш центрипеталната сила што дејствува на телото изнесува:
Телото исфрлено од земјата во хоризонтална насока, со првата космичка брзина станува:
Миле се возел со лифт кој се движел забрзано од петтиот кат кон приземјето, тогаш забележал дека неговата тежина:
Ако тежината на човекот е 750N, тогаш неговата маса изнесува:
Што треба да знае Зоран да ја пресмета својата тежина?
Со која формула се пресметува силата на тежата?
Кога работи човекот?
Со која формула се искажува  механичката работа ?
На иста длабочина, хидростаичкиот притисок е:
Уредите што служат за мерење на хидростатичкиот притисок се викаат:
Од што зависи силата што дејствува на дното од садот?
Ако човек нурка  на големи длабочини без нуркачка опрема, чувствува болки во ушите. Тоа настанува поради:
Мол е:
Пренесувањето на осцилаторното движење во еластична средина се вика:
Фреквенцијата на некој осцилатор е 10 Hz. Неговиот период изнесува
Мерењето на времето со часовник со клатно на космички брод, не е можно бидејки:
Основна мерна единица во SI  е:
Покрај основните единици во SI постојат:
Волуменот   70dm3 претворен во m3 изнесува:
Промената на температурата за 7К, изразена во  оС изнесува:
Моќноста од 25 MWизразена во вати изнесува:
Со која равенка може да се определи полжбата на автомобил кој се движи со постијано забрзување?
Тело се движирамномерно праволиниски кога:
Тело се движи променливо праволиниски ако:
Поместување е:
Зависноста на патот во однос на времето, кај праволиниското движење прикажана на график претставува:
Рамномерното движење по кружница е движење на:
Периодичното движење е движење:
Бројот на завртувања на материјалната точка во единица време се вика:
Брзината е количинска мерка  за состојбата на движењето на материјалната точка и преставува количник:
Ако тело се движи рамномерно праволиниски со брзина од 72km/h, за 1секунда  изминува пат:
Првите две секунди  од своето движење телото се движи со брзина 1m/s, наредните две секунди се одмара, а последните две секунди се движи со брзина 2m/s. Неговата средна брзина изнесува:
Телото се пушта слободно да паѓа од одредена висина и по 4sудира на земја. Неговата брзина при ударот изнесува:
Какво е движењето кога тангенцијалното забрзување на телото at 0 = const,  додека нормалното забрзување an 0 ?
Телото прави 2 завртувања во единица време. Неговата фреквенција изнесува:
Поврзаноста помеѓу аголната брзина и линиската брзина може де се пресмета со следнава равенка:
Ако материјална точка се движи по кружница рамномерно правејќи  едно завртување за 4s, неговата аголна брзина изнесува:
Материјалната точка прави едно завртувања за 3min. Нејзиниот период изнесува:
Автомобил  стартува од место и  движејќи се рамномерно забрзано праволиниски со забрзување од 1m/s2  изминува пат од 200m. Колку време се движи автомобилот?
Силата се мери со:
Вториот Њутнов закон искажан со равенка гласи:
Мерката за заемното дејство меѓу телата се вика:  
Причина за промената на движењето на некое тела е:
Силата која го тера телото да се движи по кружница се вика:
Кој закон ја изразува врската помеѓу силата (F), масата (m) и забрзувањето (a)?
Сили од 5 N, 2 N  и 4 N дејствуваат во ист правец и иста насока. Резултантата ќе изнесува:
Колкава е силата на триење на тело со маса од 5 kg, ако коефициентот на триење помеѓу телото и масата е 0,5, а земјиното забрзување g = 10 m/s2?
Кога едно тело се движи со лифт  нагоре тогаш неговата тежина се:
Ако масата на телото е 27kg , а неговиот волумен 0,01m3 , тогаш неговата густина изнесува :
Тело со маса 1000gсе движи со брзина 5m/s. Импулсот на телото изнесува:
Две тела со маси mи m2   (m1=m2 ) се поставени на лизгалки. Првото тело го оттурнува второто со сила F1 . Согласно третиот Њутнов закон и второто тело дејствува на првото тело со сила F2, при што е исполнет условот:
Силата што на тело со маса од 2кgму соопштува забрзување од 2m/s2  изнесува:
Земјата ги привлекува телата со сила која ја викаме:
Дека привлекувањето на телата е заемно, докажал научникот:
Меѓусебното привлекување на телата, Њутн го нарекол:
Тежината  се разликува од масата по тоа што таа е:
Ако масата на човекот е 50кg, а силата на Земјата 500N, тогаш земјиното забрзување изнесува :
Со која единица мерка се мерат енергијата и работата во SI ситемот?
Со која формула се пресметува потенцијалната енергија на телата?
Законот за запазување на механичката енергија се изразува со формулата:
Кое тело поседува кинетичка енергија?
Каква енергија има птица која лета високо над земјата?
Што претставува работа?
Видови на механичка енергија се:
Која сила врши работа при слободното паѓање на телата?
Колку изнесува потенцијалната енергија на тело со маса од1kg подигнато на висина од 1 метар над земјата?
Анализирај во кој од следниве случаи извршената работа е еднаква на нула!
Кои супстанции се викаат флуиди?
Наведи ја единицата мерка за притисок во SI системот:
Со формулата  p=ρgh се претставува:
Кој инструмент служи за мерење на атмосферскиот притисок?
Со равенката S1V1  = S2V2  = const. која се користи при движење на  флуиди,  е искажан:
 Која равенка е претставена со изразот  p+ρv22=const .
Од што зависи динамичкиот притисок на флуидот?
Каков вид на еластичност постои кај флуидите?
Притисокот, што го создава надворешната сила врз течност која се наоѓа во затворен сад се пренесува во сите правци подеднакво, според:
Од што зависи хидростатскиот притисок за една течност?
Кои сили се вискозни сили?
Архимедовата сила зависи правопропорционално од:
Кога во флуидите се јавува притисок?
Дали подеднакво сме тешки додека пливаме во вода и кога седиме на столица?
Зошто човекот го издржува атмосферскиот притисок кој е многу голем?
При струење на флуид низ цевка со различна ширина,  брзината на флуидот ќе биде поголема:
Која е единицата мерка за количество супстанција?
Кој процес кај идеалните гасови, се претставува на график со хоризонтална права линија?
Кој инструмент ја мери влажноста на воздухот преку определување на точка на роса?
Што се подразбира под влажност на воздухот?
Одреди која од следниве супстанци е аморфно тело!
Што е атом?
Кој од наведените параметри не ја опишува состојбата на гасот?
Кој процес се вика изотермен?
 Сите гасови со еднакви количества на супстанција, при константен притисок и температура имаат еднакви: 
Преку која равенка може да се искажат сите гасни закони:
Дали 1kg волна и 1kg железо создаваат ист притисок?
Во балон со волумен од 10 l се наоѓа кислород на температура од 24°C и притисок од 1 MPa. По испуштањето на одредена маса гас температурата се снижува за 2° C. Определете што ќе се случи со притисокот!
Како се вика моменталното растојание на телото од рамнотежната положба?
 Со која формула се пресметува  елонгацијата кај осцилаторното движење?
Појавата на нагло зголемување на амплитудата на присилениот осцилатор за фреквенција блиска на фреквенцијата на сопствените осцилации се вика:
Какви видови на бранови постојат според осцилирањето на честиците на еластичната средина?
Од што зависи фазната брзина на бранот?
Што се определува од равенката на бранот y = A sin(ωt - 2πx/λ)?
Што е ултразвук?
Ако кај звукот се  застапени осцилации со сите можни фреквенции, тогаш како се вика тој спектар?
Кое од следниве движења е осцилаторно?
Каква е зависноста на фрекфенцијата од периодот?
Која сила го предизвикува осцилирањето кај хармониските осцилации?
Која е разликата помеѓу присилените и слободните осцилации?
Како може да се избегне штетното дејство од резонанцијата кај машините?
Како може да се определи земјиното забрзување со математичко нишало?
Може ли звукот да се пренесува на месечината?
Која појава се случува кога во близина на отворен клавир некој запее и од клавирот се произведе тон без удирање на дирка од клавирот?
Како го објаснуваш тоа што виното под дејство на ултразвук добива вкус како да е повеќе годишно?
Kолкав e хидростатскиот притисок на водата на дното од садот, ако водениот столб е 1m. Густината на водата е 1000kg/m3, а  за земјиното забрзување да се земе  g = 10 m/s2?
Течноста при испарувањето се:
Моќноста од 25 MW изразена во вати изнесува:
Промена на температура за 7 К, изразена во  оС изнесува:
Во зависност од формата на траекторијата движењата се делат на:
Ако телото се движи по прволиниска траекторија, со константна брзина, тогаш движењето е:
Величината која што ја карактеризира промената на брзината во одреден временски интервал се вика:
Времето потребно телото да направи едно завртување, се вика:
Бројот на завртувања на материјалната точка во единица време, се вика:
Моментот на силата претставува производ од:
Какво е движењето кога тангенцијалното забрзување на телото аt =0,  додека нормалното забрзување  аn ≠0?
Телото прави 5 завртувања во единица време. Неговата фреквенција изнесува:
Материјалната точка прави едно завртувања за 2 минути. Нејзиниот период изнесува:
Ако тело се движи рамномерно праволиниски со брзина 7,2 km/h, за 1 минута  изминува пат од:
Првите две секунди  од своето движење телото се движи со брзина 2 m/s, наредните две секунди се одмара, а последните две секунди се движи со брзина 1 m/s. Неговата средна брзина изнесува:
Тело со маса 100g се движи со брзина 5 m/s. Импулсот на телото изнесува:
Телото се пушта слободно да паѓа од одредена висина. После 3 s удира на земја. Неговата брзина при ударот изнесува:
Мерка за инертност на телата е:
Првиот Њутнов закон гласи:
Физичката величина што го карактеризира дејството на едно тело врз друго се вика:
Импулсот на телото е производ од:
Вториот Њутнов закон ја дава врската помеѓу:
Ако масата на телото е 27 kg, а неговиот волумен 0,01 m3, тогаш неговата густина изнесува:
Импулсот на силата претставува производ од:
Мерната единица за сила е дадена со изразот:
Силата што на тело со маса 200 g му соопштува забрзување 2 m/s2 изнесува:
Тело со маса 100 g се движи со брзина 5 m/s. Импулсот на телото изнесува?
Најмалата почетна брзина што треба да му се соопшти на едно тело, за да стане вештачки сателит на Земјата се вика:
Масата на некое тело поставено на подлога  е 50 kg. Неговата тежина изнесува:
Гравитационото забрзување во полето на Земјата:
Тело е исфрлено од висина 20 m во хорзонтален правец со брзина  vо =10 m/s. После 2 s телото паѓа на земја, а неговиот хоризонтален домет изнесува:
Ако F е големината на силата, а R кракот на сила, тогаш телото ќе добива вртлив момент ако:
Физичката величина што го дава производот од силата што дејствува на телото и патот што го поминува под дејство на таа сила се вика:
Мерната единица за моќност е дадена со изразот:
Кинетичката енергија на тело со маса m = 200 g што се движи со брзина 20 m/s изнесува:
Една вреќа има маса од 100 kg. Човек ја подигнал вреќата на висина 0,5 m. При тоа тој извршил работа од:
Мотор со моќност од 25W, за 5min извршува работа од:
Притисокот што го создава надворешната сила кај флуидите се пренесува:
Уредите што служат за мерење на хидростатичкиот притисок се викаат:
Притисокот што се должи на брзината на флуидот при неговото движење низ струјна цевка се вика:
Освалдовиот вискозиметар се користи за мерење:
Мерната единица за притисок  е:
Коцка е поставена во сад исполнет со гас. Врз коцката:
Согласно законот за континуитет:
Силата на потисокот што дејствува на тело потопено во течност:
Хидростатичкиот притисок на дното на садот зависи од:
Принципот на работа на ареометарот се заснова на:
Силата на потисок што дејствува на човек со волумен 70 dm3, кој е потопен во базен со вода со густина 1000 kg/m3 изнесува:
Врз малиот клип на хидраулична преса со плоштина 2 cm2, дејствува сила од 40 N. Силата со која пресата дејствува на големиот клип со плоштина 400 cm2, изнесува:
Авогадровата константа претставува број на структурни елементи (молекули, атоми):
Влажноста на воздухот се мери со:
Температурата при која водената парeа што е присутна во воздухот би станала заситена изнесува 20˚C. Таа температура се вика:
Површините кои водата ги натопува, се викаат:
Равенката за состојбата на идеален гас, ја дава врската помеѓу величините кои ја определуваат состојбата на идеален гас:
За даден гасен процес велиме дека е изохорен ако со текот на времето се одржува константна вредноста на:
При зголемување на волуменот во даден изобарен процес  за два пати, температурата на гасот:
Лапласовиот притисок што се јавува во капиларната цевка:
Моменталниот отклон на нишалото од рамнотежна положба, при едно осцилаторно движење, претставува:
Максималниот отклон на нишалото од рамнотежна положба, при едно осцилаторно движење, претставува:
Механичка резонанција е појава на:
Времето потребно да се направи една осцилација се вика:
Местото каде настанува и започнува ширењето на бранот се вика:
Субјективната јачина на звук се мери во:
Инфразвуци се звуци со фрквенција:
Периодот кај математичко нишало:
Висината на тонот е определена со неговата:
Бројот на осцилации во една секунда се вика:
Математичко нишало прави 2 осцилации за единица време. Периодот на осцилирање изнесува:
За тело што осцилира по законот x = 0,02 sin π t, важи дека:
Тела кои осцилираат во резонанција имаат иста:
Ако густината на телото е 200kg/m3, а неговиот волумен e 0,1m3, тогаш неговата маса изнесува:
Автомобил се движи  20 минути со брзина од 18m/s. Растојанието што ќе го помине изнесува:
Сила од 24N дејствува на тело со маса од 3kg и му соопштува забрзување од:
Одреди го хидростатскиот притисок што го создава воден столб со висина 40cm. (Густината на водата е ρ= 1000 kg/m3).
Линиската брзина при криволиниското движање се пресметувасо следнава равенка:
При рамномерно праволиниско движење за 20 минути телото поминува пат од 2,4km , ако се движи со брзината од:
Преминот од гасовита во течна фаза се вика:

No comments:

Post a Comment